Корисниците повеќе нема да мораат да ги пребаруваат своите твитови за да одговорат на нив, односно да ги ажурираат со нови информации. Twitter сега додаде функција која го олеснува поврзувањето на твитот кој е актуелен со претходните објави.

Кога корисникот го креира својот најнов твит, потребно е само да се погледнат претходните твитови, да се избере опцијата “continue thread” или копчето со три точки за да се пронајде твитот на кој може да се одговори.

Ова е практично нов начин да се направи нешто штп веќе било овозможено некое време. Функцијата ќе им користи на оние кои често ги менуваат и ажурираат своите твитови со нови информации и на корисниците ќе им заштеди доста време.