Honor 9A кон крајот на април е претставен за пазарот во Русија, а сега е најавен за комплетниот европски пазар. Со телефонот пристигнуваат и HonorChoice TWS слушалки, како Honor MagicBook 14.

Honor 9A ќе биде достапен преку официјалниот сајт на брендот – HiHonor, како и преку Amazon, почнувајќи од 1. јули. Почетната цена на телефонот ќе изнесува 150 евра.

Телефонот има 5000mAh батерија, што претерано не влијаше на димензиите, па така пристигнува со дебелина од девет милиметри и тежина од 185 грама. Тоа е постигнато поради 6,3-инчниот екран (кој е помал од екраните на поголем дел од смартфоните во последните месеци). Honor 9A го покренува MediaTek Helio P22 чипсет. За софтверска поддршка се задолжени Android 10 + Magic UI 3.1 и Huawei App Gallery (ги нема Google сервисите).

Honor Choice програмата му овозможи на брендот партнерство со доверливи производители за креирање производи за екосистемот на компанијата. Ова ги вклучува и Honor Choice TWS слушалките, кои имаат 7mm звучници и работен век на батеријата од 24 часа.

Од 30. јуни, Honor MagicBook 14 ќе се најде во претпродажба во Велика Британија, Франција и Германија, по цена од 650 евра (8GB RAM-a, 256GB складирање, дванаесет месечна претплата на Microsoft 365 Personal).