Во денешно време го знаеме како една од најмоќните програми за обработка и „манипулирање“ на фотографии. Дали знаете како изгледаше првата верзија на Photoshop?

Photoshop за прв пат беше претставен во „далечната“ 1990. година, а на видео снимката подолу можеме да видиме како оваа програма изгледала на Macintosh Plus компјутерот од 1986. година кој имал само 4MB RAM меморија.

Освен тоа што оваа програма е многу корисна, за жал Photoshop се користи и за многу злонамерни работи, па за жал со оваа фотографија, често се прават фотографии кои испраќаат разни лажни информации.

Токму од тие причини, компанијата Adobe мораше да започне да размислува како ќе преземе одговорност за тоа што може да се направи со оваа моќна програма.

Поради тоа, воведени се многу мерки како што е користењето на вештачка интелигенција за препознавање на лажните и обработените фотографии, како и Content Authenticity Initiative, што би требало да помогне во потврда на изворите на некои фотографии на интернет.

Извор: B92.net