Остана уште помалку од една недела до Unpacked 2020 настанот на Samsung. Следниот вторник, на 11. февруари Samsung ќе ги претстави годинашните уреди од Galaxy S20 серијата. Покрај новите смартфони Galaxy S20 и Galaxy Z Flip, истиот ден компанијата би требало да ги претстави и новите безжични слушалки Galaxy Buds+.

За спецификациите на смартфоните досега пристигнаа доста информации, но за безжичните слушалки немаше детали. Благодарение на неуморните дојавувачи, посебно Evan Blass, и тоа е решено. Blass ги објави деталните спецификации, кои меѓу другото откриваат дека слушалките ќе имаат продолжена автономија – до 11 часа ако се користат за слушање музика, или до 7,5 часа ако се користат за телефонирање.

Продолженото траење на батериите е овозможено со вградување на батерија со поголем капацитет. Слушалките добија наместо 58 mAh, батерии од 85 mAh. Samsung го зголеми и капацитетот на батеријата која се наоѓа во кутијата за сместување на слушалките, а која воедно служи и како нивен полнач. Капацитетот на батеријата е зголеме од 252 mAh на 270 mAh. Благодарение на тоа, вкупната автономија на слушалките е зголемена на до 22 часа.

Брзината на полнење, исто така, е зголемена, па за дополнителни 60 минути користење ќе бидат потребни само 3 минути полнење. Galaxy Buds+ пристигнуваат со 2 Way Dinamic звучници, два надворешни и еден внатрешен микрофон, IPX2 отпорност на вода и другите дункции кои можете да ги проучите на фотографијата.

Galaxy Buds+ ќе пристигнат во четири бои – Black, White, Blue и Red. И додека димензиите ќе им останат исти како минатогодишните (17,5 x 19,2 x 22,5 milimetara) масата ќе им биде нешто поголема – 6,3 грама. Поради вградената дополнителна опрема во самите слушалки и другите подобрувања, цената ќе им биде 20 долари повисока отколку досега. Galaxy Buds+ би требало да се продаваат по цена од 150 долари.