Избувнувањето на епидемијата на коронавирус веќе влијае на различни аспекти на кинеската економија, а во блиска иднина ситуацијата може да влијае на целата глобална економија. Некои компании наоѓаат решение со помош на роботи.

Коронавирусот предизвикува големи проблеми за компаниите чии фабрики се наоѓаат во провинциите погодени од вирусот. Но, некои бизниси подобро се справуваат со ситуацијата.

Кинескиот гигант JD.com успеа да ги минимизира ефектите на коронавирусот врз нејзиниот бизнис, благодарение на роботите. Компанијата користи различни машини, кои се движат од единици за дистрибуција во складови до беспилотни летала за испораки.

Според извештаите на кинеските медиуми, JD Logistics управува со повеќе од 70 роботски магацини, дозволувајќи и на компанијата да продолжи да работи ефикасно во тешка ситуација.

Покрај тоа, JD Logistics испрати дополнителни роботи во фабриките лоцирани во најопасните области каде е распространет коронавирусот во Кина, обидувајќи се да ги минимизира штетите предизвикани од епидемијата.