Се сеќавате на аудио касетите? По се изгледа, тие се повторно во мода, а трендот за нивна зголемена продажба расте исто како и кај попларните винили

Десетици фанови на музика веќе се враќаат на касетите со магнетна лента. Касетите станаа популарни во 70-тите и 80-тите години, а денеска зголемената продажба е водена од желбата на луѓето да се вратат или да допрат до културата што беше популарна пред 40 години.

Во Велика Британија продажбата на аудио касети порасна за 112% во однос на годината претходно. Само во прватта половина на оваа 2019 година се продадени 36.000 касети, нешто што не се случило во последните 15 години.