Samsung Galaxy Note10 Lite и Galaxy S10 Lite, кои беа претставени минатиот месец, почнуваат да се продаваат во Европа.
Galaxy S10 Lite со 8GB RAM и 128GB простор за складирање има цена од 659 евра во Шпанија, додека Galaxy Note10 Lite со 6GB RAM и 128GB интерна меморија чини 609 евра.
Телефоните се исто така достапни и во Германија, додека во Франција моментно може да се купи само Note10 Lite. Продажбата на двата смартфона во Велика Британија почнува од 7. февруари.
Galaxy S10 Lite и Galaxy Note10 Lite имаат 6.7″ FHD+ Infinity-O AMOLED дисплеј, 4500mAh батерија 32MPселфи камери. S10 Lite користи Snapdragon 855 чипсет, додека Note10 Lite има Exynos 9810 чип.
Двата модела на задната страна имаат по три камери, со различни конфигурации на сензори.
Поврзани артикли