Facebook знае кога ќе се разбудите. Отприлика. Во тој момент или нешто пред тоа на телефонот ќе ви биде испорачана дневна временска прогноза со детални информации за тоа што ве очекува во текот на денот, со краток совет – понесете чадор, лесно облечете се, водете сметка за ветрот и слично,

Facebook временската прогноза е достапна и кај нас и можете да ја активирате од Settings менито, по што преку нотификации ќе ви биде доставувана секое утро.

Прогнозата е одлично направена, прегледна, детална, се испорачува автоматски и го прикажува сето она што би можело да биде од корист за локацијата која ќе ја изберете или за локацијата на која моментно се наоѓате. За да ја користите временската прогноза морате да ги активирате локациските сервиси.

Дајте и шанса на Facebook прогнозата, веруваме дека ќе ви се допадне.