Samsung Galaxy Z Fold4 (ако е тоа неговото продажно име) треба да биде наследник на минатогодишниот модел Galaxy Z Fold3. Сега се појавија можните спецификации на овој телефон.

Следната генерација Galaxy Z Fold не е мистериозен уред. Веќе се појавија рендери кои ни даваат увид во изгледот на телефонот. Сега, информаторот Јогеш Брар ги откри мистериите во врска со спецификациите на телефонот.

Според извештаите, Samsung Galaxy Z Fold4 ќе има внатрешен екран од 7,6″ QXGA + AMOLED со стапка на освежување од 120 Hz, како и 6,2″ HD + AMOLED екран однадвор, со иста стапка на освежување.

Телефонот ќе работи со најновиот чипсет Snapdragon 8+ Gen 1, во комбинација со 12GB или 16GB RAM и 256GB или 512GB простор за складирање податоци. Samsung очигледно не планира да претстави 8GB варијанта на телефонот.

Кога станува збор за камерите, се очекува главен сензор од 50 MP, ултра-широк 12 MP и телефото сензор од 12 MP (3x) на задната страна на телефонот. Внатрешната предна камера под екранот ќе има сензор од 16MP, додека надворешната ќе има 10MP.

Телефонот ќе работи на оперативниот систем Андроид 12, со корисничкиот интерфејс OneUI на Samsung. Сè ќе се напојува од батерија од 4400 mAh, со поддршка за брзо полнење од 25 W.

Се очекува Samsung да ги претстави Galaxy Z Fold4 и Z Flip4 за време на претстојниот настан Unpacked.