Google моментно тестира нови можности за својата мобилна апликација за видео повици Duo и ако се помине во најдобар ред, корисниците ќе добијат поддршка за групни повици.

Компанијата редовно ги одржува своите апликации за мобилните уреди со Android. Овој пат ни пристигнуваат информации за новите можности кои моментно се во фаза на тестирање за апликацијата за видео повици – Duo.

Според изворот, Google моментно ги тестира групните повици и Low Light mode функцијата. Името на секоја од нив говори само за себе. Групните повици ќе им овозможат на корисниците на апликацијата Duo видео разговори со повеќе корисници одеднаш. Според изворот, Google смета дека за групен видео повик се доволни до седум учесници, па барем засега Duo ќе поддржува толку корисници по еден видео повик.

За да се стартува видео повик со повеќе корисници ќе биде потребно најпрвин да се креира група со саканите соговорници, па потоа да се почне повикот. Еднаш кога ќе се покрене видео повик, не е можно да се додаде нов соговорник. Но, до доаѓањето на финалната верзија на Google, ова можеби и ќе се промени.