Apple најави дека во текот на оваа година ќе претстави серија телефони, кои ќе ги донесат најголемите технолошки унапредувања во последните неколку години. Меѓутоа, дизајнот на овие уреди нема многу да се промени во однос на постоечките.

Дизајнерските измени се очекуваат во следните години, а компанијата објави детали за патент, кој според нивните зборови би требало да биде game-changer на полето на преклопните телефони. Патентот на Apple овозможува потенцијално, наместо пластика, за преклопните телефони да се искористи стакло.

Тајната е во механизмот кој ќе обезбеди на местото на преклопот, уредот да не се „криши“, туку да обезбеди негово благо свиткување. Со тоа ќе се намали притисокот на местата на закривување, па потенцијално би се избегнале кршењата, кои моментно ги мачат производителите на флексибилните смартфони. Сепак, највозбудливиот дел од овој патент е што тој објаснува дека во телефонот ќе се употребува флексибилна електроника, флексибилно куќиште и напредна техника за свиткување на стаклениот дисплеј (за сето тоа Apple веќе претходно поднесуваше патенти).

Овој телефон сигурно нема да го здогледа светлото на денот во текот на оваа година. Следната година некои производители ќе ја претстават веќе третата генерација на преклопни смартфони, па можеме да очекуваме дека и Apple ќе посака да влезе во трката, за премногу да не заостанува на тоа поле.