Logitech ја претстави ERGO K860, а станува збор за единствено дизајнирана безжична тастатура. Новата ергономска „split“ тастатура има специјален формат, чија цел е да овозможи максимална удобност на корисникот во поглед на движењата на мускулите, положбата на дланките и рацете.

Компанијата објави и видео трејлер за ERGO K860, кој ни дава подобар увид во дизајнот на уредот, додека закривеноста на периферијата е значително подобро прикажана отколку на фотографиите.

Logitech ERGO K860 тастатурата користи Bluetooth Low Energy технологија за безжично поврзување со компјутерот, а при тоа троши и помалку енергија. Алтернативна опција за корисниците е USB за поврзување на Logitech тастатурата со PC уредот.

ERGO K860 тастатурата има цена од 130 долари и достапна е за купување преку бројните малопродажни партнери на компанијата Logitech.