Google Pixel 2 и Pixel 2 XL и понатаму се меѓу најдобрите смартфони, кои можете да ги најдете денес на пазарот. Компанијата веќе работи напорно на новата трета генерација уреди, чија премиера се очекува наесен.

Програмерите забележаа во изворниот код на Android P присуство на нова функционалност која ќе можеме да ја користиме првпат во Google Pixel 3. Во менито Settings и Sounds веќе има нов таб со името „Shortcut to prevent ringing“.

Функцијата овозможува со истовремено притискање на Power копчето и она за засилување на звукот да овозможите сите дојдовни повици и известувања да вибрираат. Она што е интересно е насликаниот паметен телефон. Од Forbes забележуваат дека уредот нема рамки околу екранот, вклучувајќи го и засекот на врвот на дисплејот, што веќе масовно се користи од производителите. Целиот простор во предниот дел е заземен од екранот што ќе го претвори Google Pixel 3 во прв модел со сличен дизајн.

Ако Google откри како да ја искористи целата површина на предниот дел на екранот, ова го пoкренува прашањето каде е предната камера. Најлогично решение е дека е вградена во самиот екран или дека ќе се активира на алтернативен начин. Овој дизајн веројатно значи дека двојните звучници ќе се наоѓаат во горната и долната рамка околу екранот.

Google се уште не ги потврди овие информации, но користењето на оваа фотографија за да ги покаже претстојните функции на Android P, може да биде само на претстојниот Pixel 3.