Samsung и официјално го претстави новиот засилен паметен телефон Galaxy XCover Pro, кој на европскиот пазар би требало да биде достапен од 31. јануари со цена од 499 евра.
Паметниот телефон со кодно име SM-G715FN е во состојба да издржи пад од висина од еден и пол метар (IP69 и MIL-STD-810G сертификација), неговиот LCD FHD+ екран од 6,3 инчи во 20:9 формат може да се користи и со ракавици, а во внатрешноста на уредот се наоѓа Exynos 9611 чип, 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија проширлива со microSD картички до 512 GB.
Сензорот на отпечатоци од прсти е вклучен во Power копчето кое се наоѓа од десната страна на уредот. Смартфонот го карактеризира и заменлива батерија со капацитет од 4050 mAh, која има поддршка за брзо полнење од 15W, а се полни преку USB Type-C приклучок.
Самиот уред може да функционира и како мобилен POS уред, во состојба е да скенира баркодови и да управува со процесот на плаќање со дополнителната сигурност која ја пружа KNOX.
Фотографската компонента се состои од отвори за 13-мегапикселната селфи камера од горната лева страна на екранот, додека од задната страна се наоѓа двојна камера базирана на главниот 25-мегапикселен сензор и секундарен 8-мегапикселен ултраширок сензор.
Оперативниот систем на телефонот ќе биде Android 9.0 Pie, дебелината на уредот е 10 милиметри, а тежината изнесува 217 грама.