Huawei P40 и P40 Pro ќе бидат претаставени во текот на следната недела, а благодарение на дојавувачот Ishan Agarwal, сега ги знаеме речиси сите детали за овие премиум телефони.

Huawei P40 Pro, според наводите на Agarwala, има 6.58-инчен дисплеј со многу тенки рамки и четиристрани закривени рабови. Новиот екран и многу широк punch-hole отвор, каде е сместена 32MP камера и Time-of-Flight сензор (кој веројатно овозможува 3D Face Unlock систем). Втора предна камера е исто така присутна, но не се познати детали за сензорот кој го користи.

Кога се во прашање камерите на задната страна, гласините сугерираат дека P40 Pro користи Leica Ultra Vision систем со четири сензори. Главната камера од 50MP се заснова на pixel binning технологија за креирање подобри фотографии во пониска резолуција. Потоа имаме 40MP ултраширока камера, додека за перископ сензорот е задолжен 12MP модел со поддршка за 50x SuperSensing Zoom и стабилизација. На крајот имаме Time-of-Flight сензор, кој ќе ги подобри портретните фотографии, AR содржините и се останато. Сите Huawei P40 Pro камери ќе поддржуваат Huawei XD Fusion Engine, кој дополнителнп ќе ги подобрува конечните фотографии и видео.

Huawei P40 Pro 5G го покренува Kirin 990 5G чипсет, а нема информции за количината на RAM и просторот за складирање, иако претхгодните информации сугерираат 8GB и 256GB за основната верзија. Телефонот пристигнува со Android 10 и EMUI 10 од старт, но без Google апликации и ќе се потпира на Huawei App Gallery. Сето ова ќе го напјува батерија од 4200mAh, со 40W брзо полнење и 40W безжично полнење.

Стандардниот Huawei P40 модел ќе биде сличен на Pro верзијата кога е хардверот во прашање, но со некои клучни измени однаднвор. На пример, OLED екранот на овој модел е рамен и има големина од 6,1-инч. Тука е и помал punch-hole отвор за 32MP селфи камера и втора камера, чиј сензор не е познат (нема Time-of-Flight сензор како кај Pro моделот).

На задната страна се наоѓа иста главна камера од 50MP, додека ултраширокиот сензор има 16MP, а телефото сензорот од 8MP има поддршка за 30X дигитално зумирање и 3X оптичко зумирање.

Батеријата е со капацитет 3800mAh, со поддршка за 40W брзо полнење и 27W безжично полнење.