Во минатото имаше неколку извештаи дека Apple можеби работи на флексибилен iPhone, но засега нема официјални информации за таков уред од самата компанија.

Би можело да помине извесно време додека не видиме iPhone со флексибилен дисплеј, а не се знае каков формат би имал уредот.

Во меѓувреме, дизајнерот Антонио де Роса одлучи да спои неколку концепт рендери и да ги имплементира во дизајн за кој верува дека би можел да го краси преклопниот iPhone. Тој концептот го нарече iPhone Air.

Треба да се напомене дека ова е визија на дизајнерот, а не протечена информација за изгледот на уредот. Според замислата на дизајнерот, iPhone Air е телефон на преклоп, со шарка во средината.

На задната страна, покрај системот со камери, има вграден екран кој прикажува информации како датум, време или известувања.

Најновите информации сугерираат дека Apple тестирал различни прототипи на флексибилни телефони, но компанијата е скептична кога станува збор за овој формат и може да почека да види во која насока ќе се развива технологијата.

Повеќе фотографии на следниот линк.