Twitter планира да објави нова функција, која на корисниците ќе им олесни да го намалат бројот на напредни, навредливи или токсични одговори на нивните твитови. Компанијата ова го објави во текот на CES 2020 саемот во Лас Вегас. Покрај лимитот за тоа кому му е овозможено да остава одговори, Twitter ќе овозможи комплетно блокирање на одговори на некои твитови.

Во текот на првиот квартал оваа година, Twitter ќе почне со тестирање на новата функција, која додава контрола над одговорите директно во прозорецот за креирање одговори. Корисниците ќе ја видат опцијата твитот да го претворат во „изјава“, што значи дека никој нема да може да одговори на таквиот твит.

Алтернативно, корисниците ќе можат да го лимитираат одговорањето само на оние кои се споменати во твитот или на сите луѓе кои се споменати и луѓето кои ги следи корисникот. Последната опција ќе биде одговорите да бидат за сите кои го користат Twitter.

Twitter планира споменатата опција да ја направи достапна на сите корисници во текот на 2020. година, по процесот на тестирање.