Се уште не е познато дали OnePlus Concept One ќе биде флексибилен телефон или не, а најновиот тизер кој го објави кинеската компанија открива единствена невидлива камера, заснована на стакло кое ги менува боите.

Леќите на камерата се скриени по затемнетото стакло, кое практично претставува LCD од еден пиксел. Ова ќе овозможи складен дизајн, во време кога системите со голем број камери на задната страна потсетуваат на инсекти со повеќе очи.

 

OnePlus Concept One ќе биде обелоденет во текот на CES 2020 настанот на 7. јануари. Како што сугерира името, уредот нема да биде комерцијално достапен. Сепак, тоа не значи дека OnePlus 8 можеби нема да има невидлива камера.

Рендерите на OnePlus 8 и 8 Pro телефоните од претходно покажуваат стаклена задна страна и системи со четири камери.