Фотографии од претстојниот смартфон на Asus, ZenFone 6 се појавија на интернет и покажуваат како би требало да изгледа.

Она што привлекува внимание на прв поглед на засекот на екранот сместен во горната десна страна, речиси во самиот агол. Сепак, ова треба да го земете со резерва, бидејќи се уште не е познато дали навистина се работи за конечен дизајн на смартфонот.

Се очекува да има три задни камери, што би било прв пат во случајот на паметните телефони на Apple. Одзади е и сензорот за отпечаток на прстот, со што станува јасно дека уредот нема да го има овој сензор интегриран во екранот, како што тоа е случај кај OnePlus 6T.