Римски и англосаксонски артефакти биле пронајдени на работ на аеродромот Бенингтон кој се наоѓа во Варвикшајр.

Убавите артефакти биле најдени во гробовите во близина на оградата на аеродромот и експертите процениле дека еден гроб припаѓал на високо позициониран римски офицер, а во другиот гроб имало римско девојче на возраст од 6 до 12 години.

Во гробовите биле најдени керамички садови со висок квалитет и накит. Предметите се реставрирани и може да бидат сместени во локални музеи. Во непосредна близина на местото каде се најдени овие гробови се наоѓала римската тврдина Лунт.

Предметите биле најдени при копање на темелите за нова населба летото 2017-та година, но археолозите не сакале откритието да се објави, бидејќи сакале да го истражат локалитетот.

Искусниот археолог Најџел Пејџ, кој раководел со ископувањето, изјавил дека станува збор за важен наод и дека откритието е значајно за Западен Мидлендс. Во гробот на девојката биле најдени дури брошови од кои еден е од единствена изработка.

Накитот бил собран на куп и покриен со огледало.

На тој локалитет биле најдени десетина гробови во кои се најдени предмети кои веројатно се донесени од југот на Европа, додека садовите се од северна Франција и Белгија.

“Присуството на француските садови укажува на живиот сообраќај меѓу Европа и британските острови”, констатирал Пејџ.

Во еден гроб биле најдени дел од штит и копје со кожен омот, па се претпоставува дека таму бил закопан воин.

“Населбата на која припаѓала оваа мала некропола во Багинтон покажува дека Римјаните останале во тој дел на Англија и по заминувањето на римските војници во петтиот век”, констатирал Пејџ.

Извор: Kurir.rs