Apple по исфрлањето на App Store, сега ја укина и сметката на Epic Games, кој ја разви популарната игра. Овие два гиганта веќе некое време спорат, откако EG воведе посебен начин на плаќање на нивните игри, што на Apple не му донесува 30 отсто од секоја трансакција.

Apple поради промената во плаќањето се закани дека ќе го угаси Unreal Engine на сите iOS и macOS уреди, како и дека ќе ја укине токму Epic Games и сите придружни програмерски сметки. Epic ги тужеше за монополско однесување, а судот одлучи дека Apple не смее да ги обистини своите закани, меѓутоа и тоа дека Epic би требало да ги почитува правилата на App Store кога е во прашање плаќањето.

Од Apple истакнаа дека се разочарани што морале да ја укинат сметката на Epic games, бидејќи долго години со нив работеле на лансирање и издавање на игрите, но дека требало да се придржуваат на насоките на App Store како и во изминатата деценија.

Оваа суспензија значи дека Epic повеќе не може да креира апликации за iPhone и iPad.