Веќе ја слушнавме информацијата дека нешто изменетата верзија на флексибилниот телефон Huawei Mate X ќе се појави во текот на MWC 2020 саемот во февруари во Барселона. Уредот би требало да има Kirin 990 чипсет и можно име Mate Xs, но тоа ќе биде само помала ревизија на постоечкиот производ.

Вистинскиот наследник на Mate X моделот, според најновите информации, се очекува во некој момент од втората половина на следната година. Некои снабдувачи на делови за претстојниот смартфон веќе почнаа со пробно производство на компоненти, кои ќе ги користи флексибилниот телефон.

Како и секогаш кога се во прашање извештаите од овој тип кои се непотврдени, и овие информации треба да се земат со доза на резерва. Од друга страна, би имало смисла Huawei да не сака да се откаже од флексибилниот уред и веќе да почнал да го развива новиот модел.