Иако изгледа целосно невино, последиците можат да бидат сериозни.

WhatsApp пораката на која предупредуваат бројните корисници на Reddit изгледа целосно невино, но може да создаде сериозни последици ако ја отворите.

Пораката гласи: Ова е многу интересно!, а покрај текстот се наоѓа и емоџи на лице со солзи.

Меѓутоа, во неа се скриени десетици илјади контролни карактери по емотиконот, кои можат да направат вистински хаос со телефонот.

Она што е најсериозно е дека не е потребно на било кој начин да извршите интерација со пораката, за да може да си ја заврши работата.

Ако ја добиете, без разлика дали имате iOS или Android уред, смартфонот може да престане да ги извршува командите, а единственото решение е рестартирањето.