Huawei објави дека својата наредна премиум серија телефони ќе ја претстави кон крајот на март следната година. Смартфоните ќе го користат EMUI 10 интерфејсот заснован на Android 10, заедно со Huawei Mobile Services (без Google поддршка). Ова го објави Ричард Ју, шеф на потрошувачката дивизија на Huawei.

Тој вети дизај кој досега не е виден, како и подобрувања во квалитетот на сликата која ја произведуваат камеритем подобрени перформанси на чипсетот и животниот век на батеријата. Се очекува дека Huawei P40 и P40 Pro ќе пристигнат со Kirin 990 5G чипсет, додека Kirin 1020 ќе биде резервиран за Mate 40 серијата.

Телефоните ќе бидат дистрибуирани преку вообичаените канали – провајдери и малопродажба, а единствената разлика во однос на P30 генерацијата ќе биде недостатокот од Google апликации, кои ќе ги заменат Huawei алтернативи.