Xperia 1 ќе биде првиот телефон на компанијата Sony со три камери на задната страна, а се очекува да се следниот месец да се појави на пазарот. Сега е објавено кратко промо видео, кое ни покажува за што се способни овие камери.

Главната камера има 26mm f/1.6 објектив, но повеќе сцени е можно да се опфатат со помош на 16 мм камера или со зумирање со помош на 52 мм телефото објектив. Sony го искористи телефонот во Hudson Yards за да ги покаже неговите можности.

https://youtu.be/S5cQKAQryak

Sony Xperia 1 е претставен во текот на годинашната MWC конференција, а го карактеризира долг 6,5-инчен OLED 4K дисплеј, Snapdragon 855 чипсет, 6GB RAM, како и 64GB/128GB простор за складирање и 3300mAh батерија. Xperia 1 ќе биде достапен во црна, бела, сива и виолетова варијанта.