NEC додаде во својата понуда нов монитор од линијата MultiSync – EA271U се одликува со висока 4K резолуција.

Јапонската компанија NEC претстави нов монитор во рамки на MultiSync линијата. Се работи за моделот EA271U, кој меѓу останатото се одликува со дијагонала на екранот од 27 инчи и 4K резолуција.

Како што е видливо на приложените фотографии, мониторот од трите страни има рабови со дебелина од еден милиметар, што најмногу ќе им биде од корист на оние корисници кои во секојдневната работа имаат потреба од два или повеќе монитора. Мониторот е опремен со IPS панел со максимална резолуција 3840 х 2160 пиксели, а се одликува со контраст од 1000:1, осветлување од 350 нита и брзина на одзив од 5 ms.

Бидејќи се работи за IPS панел, видливите агли изнесуваат 178 степени (хоризонтално и вертикално). Понатаму, тука е и поддршката за Adobe RGB (78,1%), NTSC (75,1%) и sRGB (100%) спектарот. NEC моделот EA271U го опреми и со ергономски сталак, кој овозможува прилагодување до височина до 150 милиметри и ротирање за 90 степени (во двете насоки), стерео звучници (2x 1 W) и 3,5-милиметарски аудио порт.

Деталните спецификации се достапни на официјалната интернет страница на производителот. Почетната цена на мониторот изнесува 699 американски долари. Во случај со мониторот да се набави и софтверот на NEC за калибрација SpectraView II, цената е значително повисока – 849 долари.