OnePlus веќе почна со работа на нов паметен телефон, кој ќе се обиде да го прошири своето влијание во индустријата. Станува збор за моделот кој нуди неколку интересни додатоци во дизајнот и се очекува да биде претставен како OnePlus 8. Долгоочекуваниот наследник на OnePlus 7 ќе има дисплеј без рамка и мал отвор за селфи камера во горниот лев агол. Резолуцијата на предната камера сè уште не е позната.

Фановите на мобилна фотографија ќе бидат задоволни дека OnePlus 8 сега ќе има тројна задна камера. Во моментов ова е еден од најбараните додатоци на смартфоните OnePlus од фановите на компанијата. Една од најатрактивните карактеристики на паметниот телефон ќе биде поддршката на системот за безжично полнење. Вреди да се одбележи и дека дизајнот на звучникот, кој се наоѓа на долниот дел од екранот, е изменет.

Целосните димензии ќе бидат 160,2 х 72,9 х 8,1 мм. Ова ќе биде прв модел на компанијата што нема да го има Pro во своето име и ќе има заоблен дисплеј. Самиот екран се очекува да биде со големина 6,5 инчи и да поддржува целосна HD резолуција. Официјалната премиера е следната година, што ќе гарантира дека паметниот телефон ќе работи на Android 10 и веројатно ќе функционира на процесорот Qualcomm Snapdragon 865. Ова засега се сите детали што ги имаме на располагање за OnePlus 8.