Според најновите информации, iPad Pro 2018 би можел да биде неверојатно тенок, поради што нема да има 3,5-милиметарски влез за слушалки.

Наводно, дебелината на новиот iPad Pro ќе изнесува 5,86 милиметри. Од таа причина, новиот iPad веројатно ќе го загуби стандардниот аудио конектор.

 

Точните мерки на новите iPad Pro модели се објавени на Twitter профилот на CoinCoin. Што се однесува до висината и ширината, можеме да очекуваме 178,52 x 247,64 мм во случајот на помалиот 11-инчен уред и 215 x 280,66 мм во случајот на поголемиот 12,9-инчен модел.

Нпвиот iPad Pro најверојатно ќе биде претставен на медиумски настан на Apple кон крајот на овој месец, а би требало да се најде во продажба во ноември.