Откако објави дека достигнал 800 милиони активни корисници, Instagram ова го прослави со воведување нови функции во сервисот.

Една од нив е подобрената модерација на коментарите. Корисниците сега можат да изберат кој може да коментира на нивните објави, а ова ги вклучува сите луѓе кои корисникот ги следи и кои го следат корисникот, само луѓето кои ги следи корисникот или само оние кои го следат корисникот. Исто така е можно да се блокираат специфични лица и да им се забрани коментирање на објавите.

Уште еден додаток е можноста за анонимно пријавување доколку на некој кој стримува му е потребна ментална помош. Апликацијата ќе го стартува екранот за помош со броевите кои е можно да се повикаат, сугестии и опции на поврзување со некого кој може да пружи помош.

Овие промени постепено ќе стигнуваат до корисниците на Instagram.