Samsung Galaxy Fold е интересен уред, но јасно покажа дека технологијата не е доволно добра за пошироката јавност. Проблемите со механизмот на преклопување и покриеноста на екранот предизвика компанијата дури и да прекине со негова продажба. Му беа потребни неколку месеци на Samsung да го најде вистинското решение за отстранување на овие недостатоци. Логично е дека корејскиот производител не сака да ја повтори ситуацијата со Samsung Galaxy Fold, 2, на кој веќе напорно работи.

Компанијата склучи договор за долгорочно партнерство со локалниот бренд Dolnsys, кој развива калено стакло, кое може да се преклопува. Уникатните панели се поиздржливи и ултра тенки, што ги прави совршен избор за флексибилните паметни телефони за следната генерација на Samsung. Galaxy Fold користи Polymide (PI, подлога развиена од Sumitomo, која сепак лесно може да се изгребе.

Dolnsys веќе има стаклена структура дебела само 30 микрони и е исто така доволно издржлива. За споредба, Galaxy Fold користи подлога која е трипати подебела и помалку робусна. Samsung ќе вложи дополнителни пари за да го забрза производството за да ја исполни очекуваната голема побарувачка за Galaxy Fold 2. Партнерството со Dolnsys може да се прошири и на други паметни телефони на компанијата што ќе ги видиме во 2020 година.