Новото истражување на компанијата за пазарни анализи „Canalys“, покажува дека до крајот на годината во светот ќе се инсталирани 100 милиони паметни звучници, објави „techspot“. Интересно, само 4% од овој број на уреди ќе биде „Apple HomePod“.

Очекувањата се бројот на употребените паметни звучници да достигне 225 милиони до 2020-та. „Amazon“ и „Google“ ќе ја продолжат доминацијата во секторот, а над 50% од очекуваните продажби во 2018-та ќе се модели од серијата „Echo“ на „Amazon“. „Google Home“ уредите ќе заземаат 30% удел. До 2022-ра година, предвидувањата на „Canalys“ покажуваат дека „Amazon“ и „Google“ ќе се на исто ниво со секторот.

Во моментов, најголемиот пазар на паметни звучници е САД со учество од 73% од испорачаните уреди. Обединетото Кралство е на второ место со 10%, потоа Германија со 8%. Кинескиот пазар се очекува да достигне 10% до крајот на годината.

Извор: B92.net