Samsung во својата линија чипови додаде уште еден модел, под името Exynos 850, а судејќи според спецификациите во прашање е чип, кој ќе ги покренува идните телефони од Galaxy A и M серијата.

Exynos 850 (модел S5E3830) користи 8nm процес на производство, а има два кластера составени од Cortex-A55 јадра, додека за графиката е задолжен Mali-G52 GPU. Чипсетот нуди поддршка за панели со до FHD+ резолуција, eMMC 5.1 складирање и LPDDR4x RAM модули.

Кога се во прашање камерите, Exynos 850 ќе може да поддржува една камера до 21.7 MP или систем со две камери во 16MP + 5MP дизајн. Тука е и поддршката за видео енкодирање и декодирање во FHD резолуција @60fps.