Huawei Mate X2, наследник на оригиналниот преклопен телефон наводно се појави на кинеската веб локација за TENAA сертификација со броевите на модели TET-AN00 и TET-AN10. Претходно овој месец, истите броеви на модели се забележани на сертификациското тело на Кина (3C). Се очекува дека Huawei Mate X2 ќе има 5G поврзливост и ќе поддржува 66W брзо полнење. Покрај двете листи кои го сугерираат постоењето на Mate X2, се чини дека уште еден Huawei телефон пристигна на TENAA со број на модел CDL-AN50.

Како што првобитно забележа 91Mobiles, Huawei телефон со броевите на модели TET-AN00 и TET-AN10 на 17. ноември доби сертификати од TENAA. Онлајн листите исто така сугерираат дека телефонот има dual-SIM поддршка и доаѓа со 5G врска. Меѓутоа, сајтот на TENAA не пружа никакви дополнителни детали.

Се претпоставува дека двата нови модела му припаѓаат на Huawei Mate X2. Се шпекулира дека телефонот има два екрана како Samsung Galaxy Z Fold 2. Исто така, се претпоставува дека има екран со освежување од 120Hz, HiSilicon Kirin 9000 SoC, Wi-Fi 6 и поддршка за Bluetooth 5.1. Huawei Mate X2, исто така, може да има бочно поставен сензор на отпечаток од прст и OLED екран. Телефонот би можел да работи на EMUI 11 заснован на Android 10.

Покрај овие два уреда, уште еден Huawei телефон се појави на TENAA со број на модел CDL-AN50. Уредот ќе има 5G поддршка и ќе се испорачува со 6,5-инчен екран и батерија од 3900 mAh. Димензиите на телефонот се 162,31 × 75 x 8,58 мм и има поддршка за dual SIM.