Полека пристигнуваат детали за претстојниот флегшип смартфон на Oppo, а изворите тврдат дека ќе се вика Find X5 Pro.

Новиот предводник наводно ќе има сличен дизајн како минатогодишниот Find X3 Pro, а спецификациите во голема мерка се совпаѓаат со оние на новиот OnePlus 10 Pro и кој е веќе достапен во Кина.

Find X3 Pro пристигна и на европскиот пазар и се покажа како еден од најдобрите мобилни телефони во 2021 година. Сега новите рендери откриваат уред со испакнатост на камерата што се вклопува со остатокот од задниот панел на сличен начин како Find X3 Pro, но конфигурацијата на камерата е променета и се чини дека нема единствена камера со микроскоп со позадинско осветлување . Има две камери од 50 MP и една од 13 MP.

На интернет се појавија рендери и фотографии кои го откриваат изгледот на уредот во бела боја со ознаката Hasselblad, исто како што е случајот со најновите флегшип модели на OnePlus. Откриени се и некои спецификации, вклучувајќи го и процесорот Snapdragon 8 Gen 1 на Qualcomm, кој го има и OnePlus 10 Pro, како и новиот чип MariSilicon X на Oppо, кој се користи за обработка на фотографии.

Се очекува дека уредот ќе го напојува батерија од 5.000 mAh со поддршка за жично полнење од 80W и безжично полнење од 50 W.

Двата претходни Oppo Find X модели беа претставени во март, па наскоро се очекуваат нови.