Првиот подводен музеј во Турција беше отворен на 31 октомври 2015 година, како дел од активностите на поморската стопанска комора Имек. Сместен на дното на морето, на длабочина од 11 до 24 метри, во музејот моментно има 117 експонати кои зборуваат за богатото културно и историско наследство на Анадолија.

Музејот се наоѓа на еден и пол милји од брегот во Сиде, а посетителите исто така доживуваат и адреналински предизвик додека нуркаат со врвна опрема и се придружени со лиценцирани кустоси и нуркачи.


Во изминатите три години Подводниот музеј во Сиде го посетија 50.000 луѓе.  Скулптурите во музејот се однесуваат на повеќе теми што се важни во турската историја, вклучувајќи ја и Битката кај Галиполи, Мевлана и дервиш-танците, војната за независност на Турција . Музејот на дното на морето, исто така, располага со цвеќиња за да ги одбележи страдањата на децата и луѓето загинати во Средоземното Море за време на нивната миграција од Сирија.

Со 117 експонати, подводниот музеј во Сиде е втор по големина од ваков вид во светот, а најголем постои во Мексико, кој има 400 експонати.