Американската марка најавува голема производствена офанзива, но овој пат не се однесува на автомобилите, туку на суперполначи.

Tesla почна со монтажа на своите суперполначи во фабриката во Шангај, која се наоѓа многу близу до фабриката која произведува автомобили. Во новата фабрика, компанијата на Елон Маск ќе го прави својот V3 суперполнач, кој се користи од 2019 година.

Tesla нема намера да чека други да го решат проблемот со инфраструктурата, па сами влегуваат во тој потфат. Амбициозните планови на Маск се познати од поодамна, а тие се мрежа на суперполначи во Европа за безгрижно патување по автопат низ поголемиот дел од Стариот континент.

Во изминатите осум години, Tesla има инсталирано 20.000 суперполначи на глобално ниво. Сега, тие планираат да произведуваат 10.000 такви станици за полнење годишно во Кина – амбициозна бројка, но исто така и доста остварлива.

Претходните години, САД ја критикува Tesla за гужвата на локациите каде што се наоѓаат суперполначите, па затоа овој производител реши драстично да ја зголеми својата мрежа на полначи, не само од другата страна на Атлантикот, туку и на глобално ниво

Сличен проблем има и во Европа, но се чини дека на сопствениците на возилата на Tesla на Стариот континент им е малку полесно затоа што не мораат да „бркаат“ други полначи, како што е случајот со електричните возила од европските брендови. Честопати другите полначи и не работат, односно бараат специфични при-пејд картички за услугата и слично… Со суперполначите на Tesla, приказната е сосема поинаква и треба да се напомене дека тие ги полнат батериите со огромна брзина.

Едноставно, во Tesla не сакаат ништо да препуштаат на случајноста.

Извор: Auto Republika