Samsung претходно го претстави чипсетот Exynos 980 со интегриран 5G модем, но сè уште чекаме на првиот телефон кој ќе го имплементира споменатиот чип. Кинеската компанија Vivo открива дека ваков смартфон е на пат, а утре се очекува заеднички настан во Пекинг да одржат Samsung и Vivo.
Настанот го носи името „Vivo X Samsung 5G AI Chip конференција за медиуми“, па се очекува дека во оваа прилика би можеле да го видиме смартфонот Vivo X30 со Exynos 980 чипсет.
Samsung ја креираше платформата со два Cortex-A77 јадра и шест Cortex-A55 јадра, заедно со Mali-G76 MP5 графичкиот процесор. Интегрираниот 5G модем овозможи чипсетот да биде поевтин за производство, но и помалку да троши, што значи дека Vivo X30 би требало да има предност пред поголем дел од своите 5G ривали.
Се очекува дека Vivo X30 ќе има дисплеј без засек, три камери на задната страна, а на пазарот би можел да се најде од декември.