По долг период, во текот на кој имаше голем број гласини и протечени информации, Motorola официјално го претстави Moto E7 Plus. Уредот е официјализиран во Бразил, а пристигнува со спецификации од долниот сегмент.

Moto E7 Plus го покренува Snapdragon 460 чипсет, во комбинација со 4GB RAM и 64GB простор за складирање, што може да се прошири преку microSD картички.

Телефонот има 6,5-инчен HD+ LCD екран, со засек во кој е сместена 8MP селфи камера. На задната страна се наоѓа 48MP главна камера и 2MP сензор за длабочина. Под системот на камери е сместен сензорот за отпечатоци од прсти.

Moto E7 Plus користи Android 10 софтвер, со поддршка за 10W полнење. Motorola ветува до два дена користење со едно полнење.

Moto E7 Plus е достапен во Navy Blue и Amber Bronze варијанти, по цена од околу 255 долари. Наскоро се очекуваат и повеќе детали за меѓународната достапност на телефонот.