Благодарение на рендерите кои ги објави WinFuture, сега знаеме како изгледаат претстојните смартфони OnePlus 9 и OnePlus 9 Pro.

OnePlus ќе ги претстави своите нови смартфони на 23 март.

ОnePlus 9 Pro ќе има 6,7-инчен екран, а OnePlus 9 ќе има 6,5-инчен екран. Се верува дека стандардниот модел ќе има пластично куќиште.

И двата смартфонa имаат Sony IMX789 сензор за главна камера како и ултраширока камера од 50 MP, односно Sony IMX766 сензор. Тоа е необично висока резолуција за ултраширока камера.

Рендерите откриваат дека уредите ќе бидат достапни во неколку бои. OnePlus 9 Pro најверојатно ќе биде достапен во црна, зелена и сребрена боја, а One Plus 9 во црна, сина и виолетова боја.

Извор: Klix.ba