Samsung би можел да почне со работа на поинаков флексибилен телефон по Galaxy Fold. Веќе се појавија гласини за тоа дека јужнокорејската компанија планира смартфон што се склопува вертикално наместо хоризонтално, што според функционалноста ќе го приближи до преклопните модели од минатото.

Samsung сега објави видео тизер, кој се прикажува новиот формат, но засега нема информации за тоа дали и кога оваа идеја ќе биде имплементирана во конкретен производ.

Видеото покажува телефон кој се свиткува по вертикала, како и начините на кој корисничкиот интерфејс се прилагодува на ваквиот формат. Прикажана е содржина која се гледа преку камерата во горната половина, додека во долната половина се достапни контроли за камерата.

Компанијата не објави повеќе детали за овој формат. Флексибилните и телефоните со два екрана сè уште се во свооите рани фази на развој и компаниите сè уште ги истражуваат најдобрите решенија што би можеле да се применат во рамките на употребата на оваа технологија.