Длабоко закопан во Android Enterprise Device каталогот, видлив е нов entry-level паметен телефон на компанијата LG, наречен X4 (2019).

Се работи за наследник на минатогодишниот LG X4 модел, кој се темелеше на 5,3-инчен HD екран, Snapdragon 425 чип, 2 GB RAM, 16 GB интерна меморија, батерија од 3000 mAh, задна 8-мегапикселна камера и 5-мегапикселна селфи камера.

Слични функции ќе има и новиот LG X4 (2019), кој би требало да се заснова на 5,7-инчен екран без notch, 3 GB RAM, 32 GB интерна меморија, а ќе има има и сензор за отпечатоци од прсти, поддршка за NFC и сега веќе постариот Android 8.1 Oreo (иако Android 9.0 Pie е претставен пред шест месеци). Засега се уште нема информации за чипот и фотографската компонента на новиот телефон.