Poco брендот подготвува нов телефон, а уредот е најавен преку твитот “C U soon”, за 30. septembar. Се очекува дека ова ќе биде новиот модел од C серијата на популарниот бренд.

Poco C3 своевремено се продаде во преку два милиона примерока само во Индија, а тоа е статистика од август оваа година.

Интересно е дека фотографиите од потенцијалниот Poco C4 модел се уште не се појавија. C3 беше најдостапен Poco телефон досега, така што се очекува и новиот телефон да оди по стапките на својот претходник.

Poco C серијата е секако наменета за достапниот сегмент на пазарот, а останува да се види дали Poco C4 ќе биде сличен на Redmi 10 моделот, со оглед на тоа што C3 бил варијанта на Redmi 9C моделот.