Откако информацијата дека Huawei останува без поддршка за Android поради санкциите од Google ги вознемири милионите корисници ширум светот, кинескиот технолошки гигант најави дека веќе работи на алтернатива на апликацијата Google Play Store.

Американското министерство за трговија му даде на Huawei привремена дозвола да ги задржи своите производи до 19 август оваа година, а што ќе биде потоа – останува да видиме.

Во меѓyвреме, Bloomberg пишува како Huawei уште во 2018 година им понудил на производителите на апликации влез во Кина, најголемиот светски пазар за смартфони, преку тоа што ќе направи посебен софтвер за нивната галерија за апликации. Како и сите останати производители на Android телефони, од Huawei се свесни колку се зависни од апликациите и платформата на Google. А како тоа да не е доволно, Huawei е и под надзор од американската влада.

Но, Huawei e подготвен многу подобро од останатите компании и веќе работи на решавање на проблемот. Компанијата има алтернативен план за настаната ситуација, кој предвидува дека тие ќе го изгубат пристапот на Google како бизнис партнер, но ќе останат во соработка со останатите компании од САД. Во спротивно, доколку сите американски компании ја откажат соработката со Huawei, дури тогаш ќе настанат вистинските проблеми.

Како и да е, кинескиот гигант напорно работи на платформата App Gallery, која ќе функционира на ист начин како и Google Play Store, со тоа што ќе ги пласира и изложува апликациите пред корисниците на Huawei. Според последните информации, таа би требало да биде достапна за корисниците до крајот на оваа година.

Извор: Klix.ba