Oppo и Xiaomi веќе ни ги прикажаа своите решенија за технологија на камерата, која е сместена под дисплејот. Изгледа дека уште еден кинески производител планира да се приклучи на ова поле – Huawei само што поднесе барања за патенти за кориснички интерфекс и начинот на кој ќе се користи областа над камерата.

Изгледа дека Huawei има доста решенија кои би можече да се применат. Една од фотографиите открива дека областа би можела да го прикажува времето на траење на повикот, додека втората има Camera Mode. Тука можат да се појават и информации за повикот, кога ќе се излезе од Caller апликацијата.

Уште една интересна работа која ја откривааат овие патент фајлови е позицијата на предната камера. За разлика од Oppo, кој камерата ја смести во горниот дел на екранот, решението на Huawei е сместено во горниот лев агол, каде што моментно се наоѓаат засеците за Honor View 20 и Huawei Nova 5i.

Засега не знаеме дали Huawei работи на овие решенија и планира да ги имплементира или само ги патентирал за да ги заштити.