Google експериментира со нова значка, која во веб прегледникот Chrome би требало да ги обележува сајтовите кои бавно се вчитуваат.

Блог постот на тимот на Chrome објаснува дека во иднина прелистувачот ќе може да идентификува страници што брзо или бавно се вчитуваат и да ги обележува со јасни ознаки. Овој вид обележување може да пристигне во разни форми, а тимот планира да ги испроба преку експеримент и да ја пронајде онаа што ќе биде најкорисна за корисниците.

Google планира да идентификува страници што се дизајнирани да бидат генерално бавни. Компанијата ќе ги анализира историските податоци за латенција, за да утврди кои страници заслужуваат каква значка, а тимот на Chrome, исто така, ја истражува можноста за идентификување сајтови, кои се вчитуваат побавно како резултат на бавниот хардвер или врска со мрежата.

Google размислува и за екран за вчитување, кој би ги предупредувал корисниците или progress bar кој би била зелен доколку страницата е брза и црвен ако е бавна.

Не е јасно кога новиот систем ќе се појави во Chrome, но Google ги најави плановите на Chrome Dev Summit конференцијата во Сан Франциско. Најавата е оградена со многу „можеби“, па јасно дека Google сака повратни реакции од веб програмерите пред да продолжи со развојот.