Некој ви го хакирал Gmail или сте ги заборавиле мејл адресата или лозинката за пристап? Дознајте што можете да преземете.

Што ако сте ги заборавиле адресата на електронската пошта и лозинката?

Ако сте заборавиле која адреса на е-поштата ја користевте (и тоа се случува, посебно ако имате повеќе кориснички адреси), отворете ја страницата Find My Email и следете ги упатствата. Ќе морате да го наведете вашето цело име, како и бројот на телефонот и секундарната е-пошта.

Што ако сте ја заборавиле лозинката?

Во овој случај треба да ја отворите страницата Account Recovery и да ја ресетирате лозинката. Ќе мора да го потврдите вашиот идентитет преку одговарање на неколку прашања. Ако е можно, сето ова направете го користејќи ги истиот уред и пребарувач што веќе сте ги користеле за да пристапите до заклучената е-пошта, како и на локацијата на која сте го правеле тоа.

Не можете да го потврдите идентитетот одговарајќи на безбедносните прашања? Ќе добиете уште една шанса, како и неколку совети кои би требало да ви помогнат при одговарањето.

Откако успешно ќе го потврдите идентитетот, ќе можете да си ставите нова лозинка. Ако ја користите оваа опција, треба да имате на ум дека морате да ја наведете aдресата на е-поштата.

Што ако ви е хакиран мејлот?

Ако не можете да се логирате и откриете дека некој ја променил вашата лозинка или бројот на телефон за поврат на лозинката или, пак, го избришал вашиот кориснички профил, повторно тука е страницата Account Recovery.

Извор: Tportal.hr