Во денешно време, кога поголемиот дел од работата, личните преписки и финансиските трансакции ги извршуваме преку интернет, потребно е да знаеме како да се заштитиме.

Препознајте ги знаците дека некој ви го шпионира компјутерот за да може веднаш да реагирате. Експертите ги истакнуваат овие шест знаци дека хакери „провалиле“ во вашиот компјутер.

1. Батеријата се празни пребрзо

Ако во позадина работи некоја непожелна програма, тогаш троши дополнителна енергија, односно батеријата на вашиот лаптоп. Меѓу таквите софтвери може да се најдат и оние хакерските малвери, како и вируси.

2. Програмите често „паѓаат“

Хакерите секогаш бараат нови начини за собирање податоци. За да се заштитите, немојте да оставате податоци, како што се за картичките и банкарските сметки, на разни апликации. Ако апликацијата или програмата неколку пати „паѓа“ и ви бара потврда за користење со внесување на лозинката, тоа може да е знак дека сте „хакирани“.

Никогаш не обавувајте финансиски трансакции преку јавна Wi-Fi мрежа и не споделувајте лични податоци и лозинки. Користете антивирус. Многу безбедносни и антивирус програми ве штитат од малвер (штетен софтвер) што се обидува да внесе лозинка во вашиот систем за да може полесно да му пристапи. Експертите за сајбер безбедност го повторуваат ова постојано, но ќе го повториме пак: секогаш имајте вклучен firewall и користете сложени лозинки.

3. Камерата почнува сама да снима

Сигурно не е добар знак ако камерата или микрофонот на компјутерот почнат „сами“ да се вклучуваат. Не само што хакерите на тој начин можат да дојдат до вашите лични податоци, туку и можат да ве снимаат или фотографираат. Најдобро е да ја покриете камерата, а микрофонот да го вклучувате само по потреба, како и редовно да ја менувате лозинката за пристап до компјутерот.

4. Почетната страница не е иста

Ако забележите дека се сменила вообичаената почетна страница на вашиот компјутер, проверете ги погоре наведените знаци бидејќи можно е компјутерот да ви е заразен со софтвер за шпионирање.

5. Сомнителна активност на компјутерот

Добро е одвреме-навреме да ја проверите историјата на пребарување и да видите кои сајтови биле посетени последно. Ако видите невообичаена, сомнителна активност и посета на страници што не ви се познати, а само вие го користите тој компјутер, побарајте помош од професионалец.

6. Непознати програми

Еден од начините на кој некој може да го надгледува вашиот компјутер е преку малвер инсталиран како програма. Затоа треба често да проверувате кои програми се инсталирани во вашиот компјутер и ако некоја не ви е позната веднаш да ја избришете.

7. Непознато светло

Ако забележите дека ламбичката на вашиот компјутер свети  и покрај тоа што не правите ништо на него – тоа би можел да биде знак за тревога, бидејќи тоа може да значи дека некој или нешто испраќа или прима податоци на вашиот компјутер.

Извор: B92.net