Не помина ни еден месец откако беа претставени телефоните OnePlus 7T и 7T Pro, а веќе имавме можност да ги видиме првите фотографии/рендери на моделите OnePlus 8. Сега има рендери за варијантата OnePlus 8 Pro.

OnePlus 8 Pro ќе има punch-hole дисплеј, наместо екран без засек имплементиран од OnePlus 7 Pro и 7T Pro. OnePlus 8 Pro наизглед не се разликува од стандардниот модел, но подобар увид укажува на додавање на 3D ToF сензор и дополнителни сензори за камера на задниот дел, како и поголема слушалка. Горната рамка на Pro моделот ќе биде подебела од OnePlus 8.

Копчињата, микрофонот, USB-C портот и слотот за SIM картички се сместени исто како кај OnePlus 8, но телефонот е 0,7 мм подебел од стандардниот OnePlus 8. Телефонот треба да има и дисплеј од 6,65 инчи.

Екраните на OnePlus 8 и OnePlus 8 Pro ќе имаат освежување од 90Hz, што не е ни изненадување, бидејќи OnePlus минатиот месец објави дека сите идни телефони на компанијата ќе имаат дисплеи од 90Hz.

OnePlus ги објави 7 и 7Pro моделите во мај оваа година, што укажува дека нивните наследници, OnePlus 8 и 8 Pro, би можеле да бидат објавени во истиот период следната година. Повеќе рендери од OnePlus 8 Pro се достапни на следниот ЛИНК.