Јужнокорејската компанија Samsung во последните неколку месеци интезивно работи на развојот на првиот паметен телефон со флексибилен екран на преклопување, но најверојатно тој нема да биде претставен оваа година.

Телефонот на преклопување кој што веќе долго време се најавува би требало да има екран со големина од 7 инчи кој ќе се преклопува како паричник, а поради двата екрани ќе има и поголема батерија.

Овој прв телефон со флексибилен екран би требало да ја носи ознаката Galaxy X и да чини околу 1,500 долари. Секако, веста за овој телефон не е ништо ново, посебно откако во октомври минатата година се појавија првите скици од флексибилниот телефон на јужнокорејската компанија.

Овој модел би требало да чини повеќе од 1.500 долари, а пред лансирањето наводно ќе го тестираат одбрани “гејмери”.

Веста за овој мобилен телефон на Samsung не е ништо ново. Во октомври минатата година произлегоа фотографии од дизајнот на овој уред.

Од Samsung неколку пати потврдија дека работат на мобилен уред кој ќе се преклопува. Во април минатата година, главниот инженер на Samsung, Ким Та Вунг рекол дека компанијата се фокусира на дизајнирањето на екран без слика, а после тоа ќе се посвети на изградбата на споените дисплеи.

Во меѓувреме, компанијата ZTE го претстави сличниот таков модел, телефонот Axon M кој има два IPS дисплеи.

Извор: Klix.ba