Redmi константни се шири на нови пазари, а доказ за ова се и претстојните Redmi X TV и Redmibook лаптоп. Меѓутоа, најновиот уред пристигнува како своевидно изненадување. Компанијата го претстави својот прв компјутерски монитор, под името Redmi Display 1A. Во прашање е монитор со агресивна цена и импресивен дизајн.

Мониторот користи IPS LCD панел со стандардна 1920 x 1080p резолуција и има дијагонала од 23,8 инчи. Максималното осветлување изнесува 250 нита, со контраст 1000:1. Redmi истакнува дека уредот може да се користи за системите со повеќе монитори, благодарение на тенките рамки (7,3 мм) од страна.

На задната страна се наоѓаат HDMI кнектор и VGA порт. Redmi Display 1A е достапен во претпродажба во Кина, по цена од околу 83 долари.